среда, 11 ноември 2026
Најново

Како да ја заштитите косата од сонцето и морската вода?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Познатата актерка Розана Аркет доживеа сообраќајна несреќа кога со својот автомобил влета во трговски центар во Малибу.
Според полицискиот извештај, актерката влетала со својот автомобил во трговскиот центар откако изгубила контрола над возилото.

Аркет останала неповредена, но направила голема штета на ресторанот Lily’s Malibu, кој се наоѓа во трговскиот центар. Дополнително, таа нанела штета и на паркингот на кој се наоѓале стаклените прегради. За среќа никој од гостите не е повреден.

Како што дознаваат медиумите, несреќата се случила бидејќи актерката не успеала да се паркира. Наводно, заборавила да префрли во рикверц и возилото одеднаш тргнало напред.
Бидејќи имала слична ситуација во мај минатата година кога со автомобилот удрила во камион, и бил направен и тест за присуство на алкохол и дрога. Но, кај неа не нашле никакви недозволени супстанци.

Поврзани вести