Секоја девојка бара начин да има сјајна долга коса. Сепак, косата навистина може да го подобри вашиот изглед. Според науката, косата расте од 0,3 до 0,5 милиметри дневно, 1 до 1,5 центиметар месечно и 12 до 15 центиметри годишно. Многу девојки се соочуваат со еден или повеќе проблеми во врска со нивната коса, па можеби овие трикови ќе ви помогнат да решите некои од нив.
1. Спријателете се со ножиците
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Кога сакате да ја пораснете косата, сигурно не ни помислувате на пострижување. Но важно е да ја кратите косата редовно ако сакате побрзо да ви порасне. Скратувањето не само што ќе ве ослободи од оштетените и распукани врвови, туку ќе ви помогне и да го одржите здравјето на косата. Кога нема распукани врвови штетата нема да влијае на корењата и косата ќе изгледа поздраво. Покрај тоа многу полесно е да ја обликувате скратената коса.
2. Не заборавајте го регенераторот
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Постои мит за тоа колку долго треба да го оставите регенераторот да делува, и тој мит е лажен. Спротивно на популарното верување, тој веднаш делува на косата. Покрај тоа ја штити косата од пешкирот додека е влажна. Немојте да мислите дека регенераторот е наменет само за некои видови коса. Потребно е да го користат сите.
3. Магични состојки
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Можете да нанесете и некои состојки директно на косата и скалпот. На пример, сокот од кромид и лук, јаболковиот оцет и кокосовото млеко ја хранат косата и го забрзуваат нејзиниот раст. Покрај тоа тие го подобруваат целокупното здравје на косата и скалпот.
Ако мислевте дека пивото е само за пиење, обиде се да го зовриете. Откако ќе зоврие додајте го вашиот шампон во него и измијте ја косата. Можете да го правите ова 2-3 пати неделно. Шампонот со пиво ќе ги отстрани сите нечистотии од косата и е одличен регенератор.
4. Неделна грижа со масла и маски
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Маската или маслото за коса треба да ги користите еднаш неделно. Ова е особено важно ако сакате да ја пораснете косата. Ова ќе ги одржи важните масти на косата кои ќе ја направат поздрава. Маслото нанесете го на сува коса и потоа лесно ќе можете да го отстраните со шампон. Можете да користите состојки како мед, лимон, авокадо, маслиново масло и сок од кромид за да направите маска за коса.
5. Свилени навлаки за перница
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Ова е едноставна промена што може да го забрза растот на косата. Наместо памучни, употребувајте свилени или сатенски навлаки за перница. Причината е што мекоста на свилата е подобра за косата за разлика од памукот. Свилата и сатенот не предизвикуваат триење, а со тоа се избегнува заплеткувањето и оштетувањето на косата.
6. Правилно сушење на косата
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Без разлика колку е мек вашиот пешкир, тој секогаш може да ја оштети косата. Жените често ја врзуваат косата во пешкир после миење, но ова ја оштетува. Ако се обидувате да ја пораснете косата, држете се настрана од апаратите за обликување со топлина како фен и пегла. Секој вид топлина ја оштетува косата. Најдобро е да користите фен кога косата е барем 60% сува. Исто така нанесете спреј за заштита од топлина.
7. Дозволете ѝ на косата да дише
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Натрупаните распореди и времето поминато надвор може да ве натераат да користите повеќе производи за коса. Ова ја прави косата „уморна“ и склона кон оштетување. Ако сакате да ја пораснете, немојте да ја врзувате косата. Влечењето предизвикано од врзувањето може да ја оштети. Косата е склона и кон инфекции кои го намалуваат нејзиниот раст. Па, потребно е одвреме-навреме да правите третмани против нив. Друго важно нешто е покривањето на косата. Топлината од сонцето може да ја оштети и вашата коса, не само кожата.
8. Важна е исхраната
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Научниците забележале дека одредени производи можат да го поттикнат растот на косата. Односно, храната богата со биотин или витамин Х е одлична за вашата кожа. Овие хранливи материи помагаат во преработувањето на мастите, јаглехидратите и аминокиселините и го покачуваат нивото на протеините во телото. Бидејќи косата е направена од протеини, ова е одлично за неа. Продукти кои се богати со биотин се млеко, сирење, јајца, јаткасти плодови, свинско месо, сардина, лосос, карфиол и авокадо.
9. Поретко миење
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Не е добро пречесто да ја миете вашата коса. Вистина е дека чистата коса расте побрзо, но честото миење нема да ви биде од многу помош. Секојдневното миење може да ја исуши косата и да ги отстрани природните масла. Исто така нежно масирајте ја главата додека ја миете или чешлате вашата коса.
10. Комбинирајте сок од кромид и кокосово масло
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Предностите на сокот од кромид се добро познати. Кромидот го регулира циклусот на растење на косата и ги храни нејзините фоликули. Кога сокот од кромид ќе го измешате со кокосово масло, придобивките се дуплираат. Кокосовото масло ги задржува природните масла на влакната и го спречува сушењето. Исто така тоа е одличен извор на витамин Е.
11. Бидете трпеливи
Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Колку и да се обидувате, косата не може да порасне преку ноќ. Дури и ако ги применувате сите овие трикови, косата ќе порасне најмногу 2,5 центиметри месечно. Па важно е да бидете трпеливи и да не престанете со обидите. Сепак, долгата свиленкаста коса бара нега и време.