Како да ја негувате распуканата кожа на вашите раце и стапала?

Редовната негана кожата на рацете, прстите и стапалата ќе ви помогне да ја заштитите кожата од исушување и распукување
Кога кожата ќе стане многу сува, таа може да распука. Распуканата кожа често се среќава на рацете и стапалата, особено на прстите, палците, зглобовите и петите.
Кои се причините за распукана кожа на рацете, прстите и стапалата?
Најчеста причина за површински или подлабоки распукувања на кожата е преголемата сувост. Има многу различни фактори коишто можат да доведат до пресушување на кожата, како на пример:
Генетички причини: некои од нас се посклони кон сува кожа од други.
Времето: сувата кожа е често среќавана во студениот период. Намалената влажност надвор, зголеменото централно греење во просториите и постојанaта изложеност на двете средини, предизвикува загуба на влагата од кожата. 
Начинот на којшто се однесуваме кон нашата кожа: при некои професии (тие коишто бараат рачен труд и/или често миење, на пример механичари, медицински специјалисти и фризери) се прави поголем притисок на кожата, што може да доведе до поголема сувост.
Лекарства: како несакан ефект, некои лекарства доведуваат до сувост на кожата.
Рацете (особено зглобовите и заноктиците) и стапалата (особено петите) се склони кон исклучително сува и распукана кожа.
Распукана кожа на рацете и прстите
Градбата на кожата на рацете ги прави помалку способни да задржат влага и тие се посклони на извонредна сувост во однос на другите делови на телото.


Рацете ни се речиси постојано изложени на промените во околната средина и температура. Тие се често во контакт со вода и измивачки производи. Секојдневното миење, работата без ракавици, ја сушат кожата на рацете, а некои професии вклучуваат триење и/или постојан контакт со агресивни хемикалии, коишто дополнително ја влошуваат состојбата на кожата.
Кога кожата ќе се исуши, уште потешко е да ја задржи влагата којашто ѝ е потребна. Тоа дополнително ја суши и распукува. Симптомите варираат по тежина од мали делови распукана кожа околу заноктиците на прстите до поголеми делови распукана кожа на прстите, палците, зглобовите. Кожата има потреба од SOS нега.
Постојано сувата, перутава, воспалена, со јадеж и надразнета кожа на рацете може да биде симптом на егзема на рацете или контактен дерматитис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.