Како да ја отстраните бојата од рацете по вапсувањето јајца

Денот е голем, радоста уште поголема. Па, не бадијала се вели – Не е секој ден Велигден. Симболот на празникот, вапсаните јајца ги веселат и возрасните и децата. Последици од оваа убава традиција може да имаат само вашите раце, односно вашите прсти кои исто така ќе се васаат во сите бои. За отстанување не помагаат само сапун и вода, но има и други решенија.
Прв начин е да ставите оцет во рацете и да триете како да ги миете со течен сапун. Ако не успеете од првпат повторете ја постапката уште еднаш.
Втор начин е да ги триете рацете со парче лимон. Бојата ќе се растопи и потоа лесно ќе се измие со сапун.
Третиот начин е да ги држите рацете 3 минути во топла вода во која сте раствориле сода бикарбона. Потоа повторно измијте ги со сапун.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.