Како да ја победите депресијата по одморот?

Годишниот одмор е прекрасно време за полнење на батериите и подготовка за нови предизвици. Но, еуфоријата и задоволството кои ги чувствуваме на одморот брзо спласнуваат откако ќе се вратиме во секојдневието, а тоа придонесува да чувствуваме депресивно и тажно. Еве што треба да направите за да го спречите тоа.
Контролирајте го немирот
Кога сме на одмор, обично правиме и уживаме во неколку работи во текот на денот, за разлика од тоа кога сме дома и седиме цел ден не правејќи ништо. Затоа и кога ќе се вратиме назад во нас се јавува немир од кој тешко се ослободуваме. За да си ги скратите маките, во првите денови по враќањето од одмор, обидете се да одите на кратки излети за полека да се навикнете на секојдневнието.


Бидете поактивни
Дали некогаш сте се разбудиле со болки во мускулите откако сте пливале цел ден во морето? Одмор е обично времето кога сфаќаме дека не сме во форма, но и кога сфаќаме дека подобро се чувствуваме кога сме поактивни. Продолжите со вашиот забрзан ритам и кога ќе се вратите дома. Трчајте на кеј или почнете да се занимавате со некој спорт или зумба.
Исчистете го домот
Освен што е практично, чистењето на куќата е препорачлива активност затоа што ви помага да се чувствувате подобро во сопствениот дом. Особено ако за време на одморот сте биле сместени во хотелска соба која постојано била одржувана и средувана. Тоа е супер прилика и да се ослободите од сите работи кои веќе не ги користите.


Најдете ново хоби
За време на одморот сте се отвориле кон нови искуства и познанства, што дополнително го збогатило вашиот живот. Не престанувајте со ова однесување и кога ќе се вратите дома. Научете да готвите нови јадења, запишете се на курс за странски јазик или нешто сосема трето. И малите работи кои бараат минимална заложба ќе ви помогне да го добиете тоа стимулирачко чувство како да сте се уште на одмор.
Споделувајте ги вашите доживувања
Спомените траат засекогаш, а особено ако ги споделувате со семејството, пријателите и познаниците. Не се срамете и споделете ги своите искуства од патувањето и одморот со вашите најблиски за да можете повторно да ги преживеете најубавите, најсмешните или најинтересните моменти од одморот и на тој начин да го продолжите вашето задоволство од одморот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.