Како да ја победите зимската депресија?

Овој сериозен проблем го има половина од светското население, а многумина не сфаќаат дека самите можат да влијаат на подобрување на оваа состојба.
Зимската депресија позната како Сезонското афективно пореметување (САП – зимска депресија) е вид на депресија која најчесто се јавува во есен и зима, кога сè помал е бројот на сончеви денови, а најтешките месеци се јануари и февруари. Со доаѓањето на пролетта ситуацијата се подобрува.
Сезонското афективно пореметување се поврзува со биохемиски дисбаланс во мозокот, на што влијаат пократките денови и недостатокот на сончева светлина.
Како што се менуваат годишните времиња, луѓето ги чувствуваат промените во својот внатрешен биолошки часовник.
Вообичаните симптоми вклучуваат умор и зголемена телесна тежина поради прекумерното консумирање на храна и зголемена потреба за јаглехидрати.
Во другите знаци спаѓаат тагата, губење на интересот за активностите во кои уживаме, чувство на вина, помала концентрација и донесување на одлуки, како и самоубиствени мисли.
Ова пореметување може да се јави во било кој период од животот, но најчесто почнува помеѓу 18 и 30 години и почесто е кај жените отколку кај мажите.
Како да се бориме со зимската депресија?
Според советите од научниците најдобар начин за да се борите со ова пореметување е да се потрудите да бидете што повеќе изложени на природна светлина.
Пешачете кога ќе се појави Сонцето, па дури и 20 минути се доволни.
Од помош можат да бидат и редовно вежбање, здрава исхрана и дружење со пријателите и со семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.