Како да ја победите мрзеливоста со помош на стравот?

Во времиња кога секакви работи ни го одвлекуваат вниманието, стравот би можело да биде единствената емоција која може да не врати на вистинскиот пат и да ја избрише мрзливоста.
Никогаш досега не постоеле толку многу работи кои ни го одземаат вниманието. Постојано многу начини како да се забавуваме, седејќи во фотелја, па затоа и мрзливоста е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме. Токму стравот е она што можеме да го искористиме во нашата борба со мрзливоста.
Додека лежиме и поминуваме време на социјални мрежи или играме игри, времето поминува, ние имаме чувство дека постигнуваме нешто. На тој начин летаргијата се шири и се почесто стануваме помрзливи.
Без добра стратегија можат да поминат и неколку години, а да не бидете на вистискиот пат кон реализирање на сопствениот потенцијал. И да не го правите она што навистина го сакате во животот. Доколку пред себе не ставите јасно што е тоа што го сакате и почнете да се занимавате со тоа, нема да успеете во идејата да бидете среќни и задоволни. А голема е веројтноста дека долго време нема ни да знаете што се случува.


Приказната за Џими
Доколку неговиот живот би го свеле на тоа дека почетокот е први јануари, а крајот е 31 декември, ќе видите малку разлика помеѓу деновите. Тој никогаш не патува, ниту го напушта градот, се дружи со истите луѓе кои се во иста животна ситуација како и тој. Заглавени, неподготвени да излезат од комфорната зона. Тој подсвесно сметал дека се е во ред, затоа што околу себе гледал луѓе кои го прават истото.
Одел во кревет и се будел во различно време. Имал проблеми со недостаток од сон, работел еднолична работа и животот му бил сведен на слепа улица, а цело време трошел драгоцена енергија. Тој круг го повторувал секоја недела.
Никогаш не читал книги и немал потреба да го прошири своето знаење. Постојано се премислувал, имал грижи и стравови. Понекогаш ќе разменел некој шега со некој, но тоа било ретко. Ретко правел паузи за да земе здив.
Длабоко во него постоел недостаток од инспирација за да го промени својот живот, а основата на се, била земање на животот здраво за готово. Џими никогаш не го забележувал сјајот и чудото на животот и ништо не му го одземало здивот. Неговиот живот е пореметување од краткорочни задоволства. Тој штеди многу малку од своите пари и ги троши на брза храна, алкохол, цигари и благо…


Без цели, себичен и неодговорен…
Тој нема цел на долги патеки и не сака да види како неговата сегашност влијае на неговата иднина. Всушност, Џими не знае што сака во животот. Тој не извлекува лекции од минатите искуства. Неговиот дом е хаотичен како и неговите мисли. Тој не тренира, себичен е иако не го забележува тоа.
Иако Џими е екстремен пример, тој е многу корисен. Во оваа приказна речиси секој може да се пронајде и поврзе со јунакот од нашата приказна. Не звучи ова малку страшно?
Стравот, како и секое друго чувство, не е добар или лош самиот по себе. Доколку се плашите дека ќе станете Џими, вие сте на вистинскиот пат и ако ништо друго, тоа треба да биде ваш најголем мотиватор. Него можеме да го искористиме во наша корист, како и чувството кое е позади оваа приказна. Можеме да го искористиме како погон за подобар живот, во моментите кога тоа не го прави љубовта.
Најголемиот предизвик со кој треба да се соочиме е храброста да правиме промени. Да го пронајдеме она што не исполнува и да работиме на тоа. Треба да развиваме навики кои ќе направат секој ден да се чувствуваме одлично. Да експериментираме со разни работи за кои мислиме дека се фантастични.
Неможноста да се идентификуваат единствените фактори кои водат кон исполнет живот полн со знаење е основната причина поради која постојат толку несреќни луѓе ширум светот. Позитивните промени и мудрото користење на времето ќе ви помогнат да ги пребродите сите грижи и препреки на вашиот пат и ќе го направите вашиот живот посебен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.