Подуеноста на стомакот знае да бидае непријатно и да направат да се почувствувате засрамени. Следуваат причините за нивната појава како и начините за нивна превенција.
Сите овие наведени “непријатности“ се природна појава и најчесто се предизвикани од голтањето на воздух и од варењето на храната. Можете ретко да почувствувате гасови, но понекогаш тие знаат да се јават и во текот на целиот ден. Во случајот кога интестиналните гасови и соодветно асоцираните болки влијаат на секојдневните активности, тоа може да биде индикација за нешто посериозно.
Подуеност на стомакот: Натрупување на гасови во стомакот и интестиналниот тракт
Кога гасот нема да се исфрли преку устата или анусот, тој може да се натрупува во стомакот и интестиналниот тракт, што доведува до појава на болки и подуеност на стомакот. Болките кои што би се јавиле можат да бидат тапи и слаби или остри и интензивни. Испуштањето на гасот може да ја намали болката.
Подуеноста на стомакот може да биде поврзана со следново:
– Консумирање на мрсна храна. Маснотиите го забавуваат празнењето на стомакот и го зголемуваат чувството на исполнетост
– Стрес или анксиозност
– Пушење
– Гастроинтестинална инфекција, блокада на гастроинтестиналниот тракт или болест на истиот
– Синдром на иритабилни црева, состојба која што се карактеризира со абдоминална болка и промени во функцијата на цревата
– Состојби како што се целијачната болест или нетолеранцијата на лактоза, каде што цревата не се во можност да ја сварат храната или да апсорбираат некои од нејзините компоненти.
За да ја намалите подуеноста на стомакот, можете да пробате да ја избегнувате или да го намалите внесот на храната која што предизвикува гасови. Многу јаглехидрати можат да предизвикаат гасови и следните се некои од нив:
– Грав; Брокула; Зелка; Газирани пијалоци; Карфиол, Гума за џвакање, Јаболко, Праска, Тврдо чоколадо, Зелена салата
Подригнување: Ослободување на вишокот воздух
Подригнувањето претставува начин со кој што телото го отстранува дополнителниот воздух од стомакот. Можно е да голтате дополнителен воздух ако пребрзо јадете или пиете, зборувате за време на јадење, џвакате гума за џвакање, пиете газирани пијалоци или консумирате пијалок преку сламка.
Ацидниот рефлукс или гастроезофагеалната рефлуксна болест (GERD) се карактеризира со истите ефекти. Ако стомачната киселина се врати назад во езофагусот, можно е дополнително да голтате со цел да го исчистите материјалот. Притоа, можете да проголтате дополнителен воздух кој што пак, ќе доведе до понатамошно подригнување.
Некои луѓе голтаат воздух при нервоза – дури и кога ништо не јадат ниту пијат. Во другите случаи, хроничното подригнување е поврзано со воспаление на облогата на стомакот (гастритис), пептична улцерозна болест или задоцнето празнење на стомакот (гастропареза).
Можете да го намалите подригнувањето ако:
– Побавно јадете и пиете. Со побавното јадење ќе ја намалите количината на проголтаниот воздух. Избегнувајте пиење со сламка.
– Избегнувајте газирани пијалоци и пиво. Тие ослободуваат гас – јаглерод диоксид.
– Избегнувајте ги гумите за џвакање. Кога џвакате, голтате повеќе од нормално. Еден дел од тоа што го голтате е дополнителен воздух.
– Не пушете. Кога пушите, освен чад, вовлекувате и воздух.
– Проверете ги забите (вклучително и вештачките). Забите кои што недоволно пасуваат, предизвикуваат дополнително внесување на воздух при јадење и пиење.
– Третирајте ја градната болка. За повремената градна болка со слаб интензитет, можат да помогнат антацидите кои што можат да се земат без рецепт. Лекувањето на GERD може да побарува употреба на лекови кои што се препишуваат исклучиво на рецепт.
Интестинален гас: Натрупување на гас во колонот
Интестиналниот гас типично е предизвикан од ферментацијата на храната во колонот која што не е сварена, како што е случајот со растителните влакна од зеленчукот и овошјето. Гасовите исто така можат да се формираат кога дигестивниот систем во целост не го разредува глутенот или шеќерот во млечните производи и овошјето.
Другите причини за појава на интестиналните гасови вклучуваат:
– Остатоци на храна во колонот
– Промени во цревните бактерии како резултат на земање на антибиотици или други лекарства
– Недоволна апсорпција на јаглехидрати, која што може да го наруши балансот на “добрите“ бактерии во дигестивниот систем
– Проголтан воздух кој што доспеал до колонот
– Констипација – колку што подолго отпадната храна останува во колонот, се зголемува и времето за нејзината ферментација.
Понекогаш, интестиналните гасови можат да индицираат на некое пореметување во дигестивниот систем како што е синдромот на иритабилни црева или нетолеранција на лактоза.
Во превенцијата на интестиналните гасови може да помогнат следните препораки:
– Избегнувајте ја храната која што ви создава најмногу проблеми
– Консумирајте храна која што не е многу мрсна
– Привремено намалете го внесот на храна која што е богата со растителни влакна. Влакната помагаат во варењето на храната, но исто така се и многу добри “производители“ на гасови. По паузата, повторно пополека додавајте ги влакната во исхраната.
– Јадете полека. Обидете се оброкот да биде во релаксирана атмосфера. Јадењето при стрес или брзото јадење може да влијае на дигестијата.
– Движете се. Кратката прошетка по оброкот може да помогне.
Кога да посетите доктор
Подуеноста на стомакот, подригнувањето и интестиналните гасови вообичаено се решаваат сами по себе. Во случај симптомите да не се подобруваат и покрај промените во навиките за исхрана или ако забележите некои од следниве симптоми, јавете се на доктор:
– Дијареа
– Констипација
– Честа, пролонгирана и повторувачка абдоминална болка
– Гадење и повраќање
– Крвава столица
– Загуба на тежина
– Треска
– Болка во градите
Горните симптоми можат да бидат сигнал за некое дигестивно заболување
Интестиналните симптоми можат да бидат непријатни и засрамувачки, но не дозволувајте срамот да ве надвладее и следствено на тоа да не побар