Како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос?

Интровертноста е најчесто одговорна зошто не ги правите сите работи што би сакале да ги направите. Понекогаш се срамите да ги признаете чувствата што ги имате кон некоја личност, да носите мини здолниште или да одите на одмор со пријателите што сè уште не ги познавате доволно за да се чувствувате целосно опуштено во нивно друштво. Оваа вознемиреност што ја чувствувате секој пат кога ќе се впуштите во нешто ново или непознато, ја преживувате и во креветот, во моментите кога партнерот ќе побара од вас да направите нешто ново на коешто не сте навикнати. Поради тоа што чувствувате страв, одбивате да прифатите нови работи.
Како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос?
Иако тајно сакате да пробате многу нови работи и во креветот и надвор од него, најчесто немате доволно самодоверба и верба во себе за такво нешто и се откажувате во последен момент. Дури и ако се чувствувате опуштено со партнерот, но ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, навистина е тешко да се впуштите во нешто ново и да експериментирате во креветот.
Од каде доаѓа срамежливоста?


Проблемот е во тоа што многу се плашите да бидете осудени. Сметате дека вашиот партнер може да помисли дека не изгледате добро во некоја поза или дека не правите добри движења. Но, дали вие размислувате на тој начин додека имате секс или едноставно се препуштате на задоволството и на страста што ја чувствувате?
Кога ќе дојде време да пробате нешто ново, се чувствувате стегнати, па дури и посегнувате по алкохолот само за да се опуштите и да имате поголема самодоверба. А, понекогаш и го исклучувате светлото и го засилувате звукот на радиото.
Оној кој страда од срамежливост обично нема иницијатива, а партнерот е тој што постојано предлага разни игри и нови места.
Како да го надминете овој страв?
За да може овој проблем успешно да се реши, неопходно е да разговарате отворено со партнерот и да најдете решение заедно со него. Исто така, размислете што е тоа што му се допаѓа на вашиот партнер кај вас, а не само како се чувствувате вие самите.
Соочувањето со овој проблем е полесно отколку што изгледа. На прво место, треба да ги промените мислите што ве спречуваат да пробате нешто ново. Ако престанете да размислуваме за сексот како да е испит каде што некој постојано ќе ве анализира и ќе ве критикува, тогаш проблемот е половина решен.


Мислете на тоа дека помеѓу вас постои доверба и погледнете го вашиот партнер во очи, а тоа ќе ви помогне да се опуштите и да се чувствувате поудобно за време на интимните односи.
Запомнете дека ако партнерот води љубов со вас, тогаш тоа мора да биде затоа што му се допаѓате и вие и начинот на кој го правите тоа. Нема апсолутно никаква оправдана причина зошто сметате дека нему не му се допаѓа тоа што го правите. Разговарајте многу за оваа тема и за тоа што ви се допаѓа во креветот и што не ви се допаѓа. Така ќе бидете сигурни дека не грешите, но и да погрешите не е крај на светот. Секој прави грешки понекогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.