КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕТЕ И ПРИВЛЕЧЕТЕ ВАШАТА СРОДНА ДУША?

Секогаш на почетокот на врската цветаат рози, но како што тече врската се по сигурни сте дека сте го направиле лошиот избор. Доколку по ваквата врска се прашувате како да го привлечете “вистинскиот”, ова се неколку совети за остварување на вашата желба.

1. Смисла за хумор

Секој маж сака девојка која има смисла за хумор. Смејте се и покажете дека умеете како да се шегувате. Впрочем, напнатите ситуации “зачинете” ги со некоја шега и вообичаените негодувања околу ситници ќе ги решите без проблем.

2. Водете сметка за вас самите

Не се занемарувајте самите себе си. Водете сметка за себе, бидејќи на овој начин ќе бидете позадоволни, а во исто време, ќе му бидете попривлечни на вашиот партнер. Секако не треба да се оди во крајности, не треба да мислите себично само на вашите потреби.

3. Бидете независни

Во ред е да градите заеднички пријатели, но доколку излегувате само со неговите пријатели, тогаш тоа е алармирачки знак. Од време на време посветете го денот на вас и на вашите пријатели. На овој начин си давате слободно време и ја разбивате монотонијата во вашата врска.

4. Доверба

За успешна врска потребно е меѓусебна доверба. Врската исполнете со љубомора и контролирање не е здрава и со сигурност не води кон стабилна и заедничка иднина. Доколку не можете да му верувате на партнерот или пак тој на вас, тогаш тој сигурно не е мажот за вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.