Како директор на „ЕЛЕМ“, Христијан Мицкоски си изградил 5 хидроцентрали вредни 10.000.000 EUR?

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на директорувањето со државната компанија „ЕЛЕМ“, ја злоупотребил својата позиција за лично богатење. Еве како:
Стационирањето на два огромни жолти багери во коритото на живописната река, која ја краси туристичката населба Равна река кај Пехчево било целосно изненадување за сопствениците на викендичките. Веднаш почнало копањето покрај асфалтниот пат низ населбата, а паднале и првите педесетлетни дрвја.

DSC_0015_1

23416122_10214313388932334_1548727157_n.jpg

Што ќе се гради и кој е инвеститорот, сопствениците на викендичките разбрале од информативната табла поставена до градилиштето.

16.jpg

жел.PNG

Компанијата „Минка Eнерготек“ е инвеститорот кој ја добива концесијата за изградба на мини хидроцентрали, за што како изведувач ја ангажирала скопската компанија  „Авангард инженеринг“.

 

минка1.PNG

минка2.PNG

 

минка3

Тековната состојба од Централниот регистер откриле дека основач на „Минка-Енерготек“ е скопската фирма „Енерготек“. Потписник на одлуката за давање на концесија е екс министерот Зоран Ставревски.

odukaslvesnik.PNG

 

slvesnik14.PNG

Прв на листата на основачи на фирмата „Енерготек“ ДОО Скопје(ЕМБС- 6953077 со седиште на Васил Ѓоргов бр 28-3/4 Скопје, со понуда со број 02-6266/10 од 02.06.2014 година) со почетен капитал од 1.250 евра е Димитар Димески – поранешен советник на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Поранешниот министер е сопственик на огромна парцела недалеку од Равна река. Според имотниот лист пријавен во Антикорупциска, Јанакиески во 2012 година на својот син му купи 3039 квадратни метри земјиште во беровско за 61.500 денари. Понатаму на листата на основачи на „Енерготек“ ДОО Скопје, фирмата мајка на инвеститорот на хидроцентралите, е делчевчанецот Орце Тодоровски, кој исто така здружил 1.250 евра основачки капитал.  Како инвеститор се јавува и сегашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, а тогашен директор на АД „ЕЛЕМ“-Скопје, Христијан Мицковски со вложени 900 евра, додека Стефан Трајкоски од Скопје вложува 1.600 евра. Тој воедно е и управител на двете компаниии и на „Енерготек“ и на фирмата ќерка „Минка-Енерготек“.
Покрај „Енерготек“ уште две други фирми се основачи на компнијата инвеститор – фирмата „Акваенерги“ од Скопје и „Минка ДА“ од Струмица, која  другата страна од планината  веќе поседува хотелски комплекс „Бела вода“, чии гости често се владини функционери.

DSC_0011_3-267x200.jpg

Управителот на „Минка Енерготек“  Стефан Трајкоски е и генерален менаџер на фирмата „ФОНКО ХИДРО“(www.fonkohydro.com). Од интернет страницата (www.fonkohydro.com) која е само на англиски јазик, може да се види дека е насочена кон привлекување странски инвеститори во секторот обновливи извори на енергија. Како што пишува, компанијата посредува во комплетниот процес на остварување на една инвестиции во енергетскиот сектор, од добивање на градежно земјиште, преку изработка на елаборати и проект, преку обезбедување на фирма изведувач до комплетно посредување до краен енергетски објект. Од биографиите на основачите на Енерготек, се гледа дека Христијан Мицкоски, сега претседател на ВМРО ДПМНЕ и Стефан Трајкоски, менаџер, биле некогашни колеги токму во компанијата „ФОНКО ХИДРО“.

DSC_0016_1.jpg

Овие хидроцентрали, кои нема да работат повеќе од неколку месеци во годината, имаат една цел – да дојдат до субвенциите кои државата, а во идинина и Европската Унија ги дава за секој киловат прозведена зелена енергија.

hydro.PNG

Компанијата која ги градела мини хидроцентраките, направила и база од која незаконски експлоатираа ситен песок и шљунак за која немаат дозвола од соодветните институции. Екс Градоначалникот на Пехчево. Игор Поповски во 2015г. физички се пресметал и со раководителот на секторот за урбанизам во Општината кој се приклучил на протестот на граѓаните и дал изјава дека мини хидроцентралите се граделе со дозвола која била без потпис и печат. Токму екс Градоначалникот на Пехчево е еден од луѓето кои незаконски прибавувал документи за да овозможи непречена градба на мини хидроцентралите на (сега) својот шеф Мицкоски. Поповски исто така е сопственик на хридроцентрала, иако со далеку помала моќност од само 10 мегавати, колку да го оддржува со струја рибникот што со години го поседува. Пехчевчанецот Звонко Вучковски, кој за себе вели дека е еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ, тврди дека основачите на „Енерготек“ се поранешни или сегашни вработени во Министерството за транспорт и врски. „Проектот го спроведуваат четворица од тимот на министерот за транспорт и врски. Тие се од ВМРО, ама „преметаре“ од ВМРО-то. Работата е за профит, ништо друго. Сакаат да си обезбедат и внуци и правнуци. Во оваа држава има закони и треба да се одговара. Јас се надевам дека ова не е став на луѓето од повисоките слоеви на ВМРО и не знаат за ова. Ова е дело на ешалон број пет“, вели Вучковски.
Христијан Мицкоски е должен пред македонската јавност да даде одговори на прашањата како тој за време на директорувањето на АД „ЕЛЕМ“ станува сопственик на неколку мини хидроцентрали за кои добивал и субвенции од Владата на неговиот шеф Никола Груевски?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.