Како до ефикасна есенска детоксикација?

Не заборавајте на физичката активност, и секако здраво Смути со себе!
1. Заменете го кафето со чај
Можеби ви звучи како научна фантастика, но обидете се барем на неколку дена да го замените кафето со чај. Тој може да се консумира во поголеми количини, и доколку изберете органски, може да биде рај за вашите бубрези.
2. Јадете мусли наместо кроасан со чоколадо
Сите знаеме дека одредена доза на енергија која ја добиваме од шеќерите ние потребна во нашата секојдневна исхрана. Тоа ни дава сила за извршување на работните активности и ја задоволува потребата од слатки задоволства. Муслите имаат поголема енергетска вредност, повеќе протеини, а многу помалку шеќер.
3. Пијте многу вода
Најдобриот начин да направите детоксикација на вашето тело е доколку го опуштите, а со него и вашите мисли. Но, нема потреба да бидете премногу строги кон себе бидејќи и тоа носи дополнителен стрес. Едноставно пијте вода и ќе забележите дека веднаш се чувствувате подобро. Исто така започнувајте го секој ден со чаша млака вода и исцеден лимон.

Woman drinking water with lemon

4. Одете во сауна
Кога станува збор за студените есенски и зимски денови, нема подобра идеја од сауната. Доволно ви е само саат време во текот на неделата за да ги исфрлите сите насобрани токсини преку потење. Сауната исто така може да се комбинира со базен, за малку да ја подобрите циркулацијата.
5. Не заборавајте на физичката активност, и секако здраво Смути со себе!
Не морате да тргнете во теретана или да трчате додека ве држат нозе за да бидете во топ форма. За почеток, доволно е само малку да се раздвижите со едноставно шетање, и како што ќе ја подобрувате својата кондиција, така и да го зголемувате интензитетот на вежбањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.