Како до совршен метаболизам?

Постојат многу различни теории затоа како да ги подобриме нашиот метаболизам. Тоа е природен процес кој се случува во нашето тело, и не одржува живи и здрави. Тој е зависен од бројни фактори како возраста, полот, телесниот состав, физичката активност и холистичкиот начин на живот.
Метаболизмот е брзината со која нашето тело согорува енергија за да функционира.
Храната е основниот фактор, за да го задржи во добро ниво. „ФУДПАНДА“ избра неколку совети на кои можеме да се фокусираме за да се чувствуваме добро. На пример, зачинетата храна и кофеинот имаат стимулирачки ефект.


Што да подобриме во нашиот начин на живот?
-Пијте по 3 литри вода секој ден.
-Јадете зеленчук во големи количини. Ова ќе даде поттик на обработката на хранливите материи во организмот. Намалете го внесот на шеќер, брашно, конзервирана храна и брзи закуски. Барем еднаш во седмицата јадете мешунки. Секој ден, консумирајте ореви, семки, маслиново масло и кокосово масло.
-Внимавајте на големината на порциите. Здравата тежина е важна за здрав метаболизам.Консумирајте храна богата со селен, бидејќи тој е важен за правилно функционирање на тироидната жлезда- јастози, бразилски орев, печурки, ракови и сл. Поминувајте 10-15 минути на сончева светлина за витамин Д.
-Спортувајте! Вежбите помагаат да се зајакне вашиот метаболизам, да управувате со вашата тежина и да го намалите ризикот од цела низа здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.