“Искрено, за мене тоа е како секоја друга професија. Таа оди на работа, доаѓа дома и продолжуваме нормално со нашите животи. Има флексибилен распоред, така што имаме повеќе време за нас. Таа работи нешто во кое ужива и притоа живее од тоа. Доколку таа е среќна, среќен сум и јас”, истакнува Маркус, сопругот на стриптизерката Бела.
27 годишната девојка Бела работи во еден стриптиз клуб во Тексас, а покрај тоа има и Јутјуб канал под името “Dancing with Bella”, каде зборува за животот на девојките кои работат таму, за непријатностите кои ги доживуваат како и за предрасудите и етикетите кои луѓето се склони да ги обележат.
Бела е омажена и нема проблем тоа искрено да им го каже на клиентите. Таа веднаш им ја покажува бурмата и не крие ништо. Со нејзиниот 4 години постар сопруг Маркус во брак се пола деценија. Тој е оператор на нафтено поле. Во големо и искрено интервју за порталот “Huffington Post” зборуваа отворено за заедничкиот живот и тоа како успеваат да одржат рамнотежа помеѓу приватниот живот и работата, односно кариерата.
“Работам од 19 години, а наскоро полнам 28. Речиси една деценија ја работам оваа работа, со паузи. Заработував за живот качувајќи се на масите во Тексас. Потоа бев келнерка, а потоа ги набљудував професионалните танчерки. Разговарав со менаџерот на клубот и се договорив да бидам професионална танчерка. Тоа беше голем пресврт во мојата кариера. Во тој клуб го запознав и сопругот пред 9 години. Сè уште бев келнерка, а тој беше со пријателите. Многу брзо се поврзавме и така започна сè”, вели Бела.
Сопругот Маркус денес ѝ е најголема поддршка
“Понекогаш сум љубоморен, бидејќи живеам со знаење дека клиентите ѝ подаруваат различни работи и дека таа ги забавува. Но, искрено за мене тоа е како секоја друга професија. Таа оди на работа, доаѓа дома и продолжуваме со нашите животи. Има флексибилен распоред, така што имаме повеќе време за нас. Таа работи нешто во кое ужива и притоа живее од тоа. Доколку е среќна, среќен сум и јас”, вели Маркус.
Сепак, во новото видео таа се исповедала како претходно било поголем проблем за сопругот, се чувствувал непријатно и посакал таа да ја промени работата. Но, сега се прилагодил. Прво поради гордоста не сакала да ја напушти работата, но бидејќи воочила дека Маркус нема лоши намери, направила пауза од 4 години и живеела сосема различен живот.
Запишала факултет и работела како благајничка. Потоа работела за нафтена компанија, но сепак цело време размислувала за стриптизот.
“Беше толку полна со ентузијазам и се гледаше дека тоа искрено го посакува и сè што можев да направам е да ја поддржам”, изјави Маркус.
Бела во просек зработува 300 долари дневно, а најмногу што заработила во една вечер биле 2.700 долари. Од друга страна најмалиот износ ѝ бил 7 долари.