Реално не можете да ги задоволите сите луѓе, ниту пак можете да им ги исполните сите очекувања. Кога ова ќе го прифатите и сфатите, ќе видите дека од рамена ќе ви падне еден тежок товар и заедно со тој товар ќе се ослободите и од еден куп беспотребни грижи, несигурности, чувство на помала вредност, итн. Емотивно интелигентните луѓе се издигнуваат над хаотични ситуации и се држат на безбедна оддалеченост од тешките луѓе.
Тие се фокусираат на решенија
Наместо да се фокусираат на проблемите кои тешките луѓе ги предизвикуваат, тие се фокусираат на активностите кои ќе им ги подобрат околностите.
Тие не забораваат
Некои велат дека искуствата се најдобри учители. Емотивно интелигентните луѓе тоа го знаат. Тие знаат дека претходен проблем со тешка личност обично води кон нов проблем. Дури и кога мораат на таква личност да ѝ дадат втора шанса, тие ќе се обидат да се заштитат себеси со знаењето кое го стекнале со претходното искуство.
Тие ги прекинуваат негативните разговори
Тешките луѓе се полни со негативности и критики. Емотивно интелигентните луѓе одбиваат да ги слушаат и ги избегнуваат сите разговори кои создаваат тензии и кои поттикнуваат негативни чувства. Сите знаеме колку се напорни тие разговори и затоа не ги ни започнувајте!
Тие се фокусирани на сопствената среќа
Емотивно интелигентните луѓе се среќни и сакаат да останат среќни. Тие ја бараат среќата во себе, а не во надворешни извори.
Тие се дружат со истомисленици за да добијат поддршка
Соочувањето со тешки луѓе особено кога сте сами и не е баш најлесната работа. Емотивно интелигентните луѓе имаат поддршка од луѓето кои ги почитуваат и кои можат да им дадат поддршка во такви ситуации.