Како изгледале советите за слабеење пред 100 години?

Во првиот број на списанието Reader’s Digest, објавено во 1920 година, е објавена статија со наслов „Како да ја регулирате вашата тежина“. Експерти ја анализираа и утврдија дека советите дадени за тоа време се навистина изненадувачки, како да гледале во иднината.
Еве што се пишувало за слабеењето во тоа време:
За идеалната тежина
Совет: „Секој од нас има идеална тежина која лесно ја достигнува и уште полесно ја одржува“.
Слично како и во 1920 година, експертите и денес веруваат дека нашето тело има идеална тежина која се труди да ја одржи. Тоа објаснува зошто е тешко да се изгубат килограмите, особено на оние кои несаканите килограми секогаш повторно ги враќаат.
„Диетите се всушност губење време. Истражувањата покажале дека помалку од 5 проценти од луѓето успеваат да ја задржат тежината постигната во текот на диета штом еднаш престанат да ја практикуваат. Мора да ја совладате бариерата поставена од телото ако целта ви е да ослабете или да се здебелите“, вели д-р Ник Фулер од Универзитетот во Сиднеј.


За дебелината
Совет: Дебелината е многу почеста од неухранетоста и многу поопасна како што старееме.
Денес: „Неухранетоста денес не е проблем на кој често наидуваме“, вели д-р Фунг.
Според податоците добиени во периодот од 2015 година до 2016 година, 18,5 проценти од децата и скоро 40 проценти од возрасните имаат проблеми со дебелината.
„Зголемената телесна тежина е голем фактор ризик за дијабетес тип 2 и за рак. Дебелината ги изложува луѓето на повисок ризик од здравствените проблеми“, предупредува докторот.
За намирниците кои се сметаат за лоши
Совет од 1920 година: „За непријатели ги сметаме шеќерот, лебот, житарките, десертите, путерот, павлаката, маслиновото масло, сланината, какаото и сосовите. За најдобри пријатели ги сметаме немасното месо, незасладеното овошје и зелениот зеленчук“.
Денес: Експертите го применуваат скоро истото правило со исклучок на маслиновото масло кое се смета за поздраво од сончогледовото. Исто така, путерот се препорачува да се употребува, маргаринот не. Најважно е во сè да се биде умерен.


За вежбањето
Совет од 1920 година: „Кога просечна личност ќе прошета или одигра партија тенис веројатно ќе дојде до зголемување на нејзиниот апетит во однос на реалната потреба за храна“.
Денес: Во статијата не е напишано дека вежбањето е лошо, туку дека може да го зголеми апетитот и не води кон слабеење. Многу предности има вежбањето. Не велам дека не треба да вежбате, но немојте да очекувате дека само поради тоа ќе ослабете“,вели д-р Фунг.
За внесувањето шеќер
Совет од 1920: Ограничете го внесувањето шеќер на три мали лажички во денот.
Денес: Премногу шеќер се поврзува со прекумерна телесна тежина и разни болести, како што се замастен црн дроб, метаболички синдром, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и рак.
Препораката на Американското здружение за здравје на срцето е да се консумира до 6 мали лажички додаден шеќер во денот или помалку за жени, девет или помалку за мажи, три или помалку за деца и ниту една за деца помлади од две години и бебиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.