Како изгледа едно дневно мени на фитнес блогерка?

Таа е личен тренер, спортски нутриционист, блогерка и повремена фитнес авторка за порталот “Pure Wow”.
Нејзиното име е Сиера Нилсен, а атрактивната и талентирана бринета покрај сите обврски, секогаш наоѓа време за социјални мрежи, инспиративни фотографии, коментари, совети и слично.
Токму Нилсен за споменатиот портал одлучила да открие што јаде со цел да изгледа и да се чувствува одлично во текот на денот.


6:00
“Се будам многу рано, но првиот оброк во денот доаѓа подоцна. Наутро пијам голема чаша топла вода со лимон со цел да ја поттикнам работата на својот метаболизам. Обожувам кафе, а често го консумирам со крем од бадемово млеко. Доколку немам клиенти, тогаш вежбам, а по тренингот задолжително пијам зелено протеинско смути”.
10:30
По тренингот е време за јадење. Мојот прв оброк во денот обично подразбира некоја варијација од зеленчук и јајца, на пример омлет со спанаќ, домати и брокула или мафини со јајца со зеленчук и авокадо. Кога имам време, однапред припремам голема количина на здрави оброци за неделата пред мене, со цел да не посегнам по лоши намирници.
14:00
Мојот втор оброк во денот е голема салата со разни зеленчуци и протеини. Обожувам салата со пилешко месо, кељ, домати, бадеми и јаболка.


19:00
Време е за вечера, а таа е богата со добри, но и помалку добри јаглехидрати и повторно зеленчук, па така на пример обожавам тестенини со наут. Доколку консумирам скробни јаглехидрати порано во текот на денот, се чувствувам летаргично и оптоварено, па затоа ги чувам за подоцна.
20:30
Секој втор ден го завршувам со нешто слатко. Кога би морала да држам диета во која во потполност би се одрекла од слатките, не би издржала. Сè е во рамнотежата, но далеку од тоа дека јадам десерти со голем процент на шеќери. Бирам органска темна чоколада, бобинки, колачи од овес и путер од кикирики итн. Но, не можам да одолеам и на една чаша црвено вино, не сакам да ве лажам – животот е прекраток за да не уживаме, зарем не?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.