Како изгледа животот во кој сите жители живеат во една зграда: Јутјубери покажаа едно секојдневие

До Витиер на Алјаска може да се стигне со траект или со поминување низ подземен тунел долг 4 километри кој минува под глечерот, а она што го прави овој град посебен е фактот што сите жители живеат во една зграда.
Зградата во која живеат се вика Begich Towers и е изградена во 1974 година за време на Студената војна. Во рамките на 14 ката, има сè што им треба на нејзините жители – од пошта, болница, полиција до градската администрација. Децата одат во училиште кое е поврзано со оваа зграда преку подземни премини и тунели.
YouTube каналот YesTheory сподели видео од Јутјуберите како решиле да го посетат и да преноќат со цел да покажат како изгледа секојдневниот живот на ова уникатно место.

„На нашето последно патување во Алјаска решивме да го истражиме овој чуден град на едно од најубавите места на планетата“, изјавија Јутјуберите Томас Браг и Стафан Тејлор.
Тие покажаа како изгледа да се дојде до овој мал град и внатрешноста на зградата во која поминаа една ноќ. Тие ги посетија просториите и продавниците лоцирани во зградата и го истражија градот надвор од самата зграда.
На крајот од видеото тие изјавија дека биле обесхрабрени пред да дојдат на Алјаска, имајќи предвид дека изолацијата на ова место може да биде преголема за многу луѓе, но дека по посетата сфатиле дека токму тоа ги зближува луѓето кои живеат на ова место.

Пронајдете не на следниве мрежи: