Мека, во Саудиска Арабија е еден од најжешките населени градови на Земјата. Просечната годишна температура е 30 степени целзиусови, а во лето може да достигне и до неверојатни 50 степени.
Покрај горештините, во овој град се собираат и многу луѓе. Градот има над 1,5 милиони жители, но секоја година, над 2 милиони аџии го посетуваат Мека.
Секој муслиман кој може да си дозволи се очекува барем еднаш да го посети градот. Главниот ден од аџилакот, кој бара молење од утро до вечер, може да биде вистински предизвик со оглед на тоа што наредните неколку години, аџилакот ќе се одвива среде лето.
Високите температури во Мека се резултат на местоположба на градот кој е опкружен од Арабиската Пустина, а зеленило речиси и да нема. Но, високите температури не се ништо ново. Во 1985-та година, 2.000 луѓе добиле топлотен удар, од кои над 1.000 умреле.
Едно од постудените места во Мека е околу Ќаба – едно од најсветите места во исламот. Земјата околу Ќаба е направена од бел мермер увезен од Грција.
Мермерот ја рефлектира сончевата светлина во текот на денот, па останува студен дури и во најтоплите денови. Но, од аџиите се бара да бидат на отворено, па речиси сите понесуваат многу вода за да го издржат денот. Истовремено, речиси секој носи и чадор за сонце.
За милионите локални жители, главните индустрии во Мека се туризмот и градежништвото. 13 од 15-те стари соседства во Мека се одново изградени за туризам и продажба. Ова е проблем за помалите и семејни бизниси, кои се обидуваат да се натпреваруваат со хотелите и ланците продавници и ресторани.
Во зима, температурите се малку пониски и можат да се спуштат до 18 степени Целзиусови. Во текот на целата година, има помалку од 111 милиметри дожд.
Доколку продолжи емисијата на јаглерод со истото темпо, до 2100-та година просечната температура во Мека може да достигне неверојатни 55 степени. Ова би го направило аџилакот невозможен подвиг.
Како изгледа животот во овој град: