Млади, успешни, самостојни и немажени, такви се жените денес во Кина кои се стиматизирани само поради фактот што не се мажени
Тие се млади, успешни жени со дипломи од ценети универзитети, со сопствени станови и добри вработувања. Но сопствената држава ги омаловажува само поради една работа – постари се од 27 години, а се уште не се мажени.
Кинеските државни медиуми ги нарекуваат 'sheng nu' или `жени остатоци`, пишува BBC.
Една од тие жени е и Хуанг Јуанјуан, радиска новинарка која деновиве полни 29 години.
„Се чувствувам исплашено, постара сум за една година, а немам момче… Под голем притисок сум да се омажам”, вели Хуанг. Притисокот го создаваат родителите, пријателите, но и државата.
Кинеските државни медиуми се повикуваат на статистики според кои во Кина во овој момент, има 20 милиони повеќе мажи помлади од 30 години, отколку жени на иста возраст. Велат дека тоа е поради политиката на едно дете, која доведе до селективни абортуси.
Според последниот попис на населението една од пет жени на возраст од 25-29 години е немажена. Размерот на мажи на иста возраст кои се неженети е секој трет, но тоа не значи дека тие самци некако ќе се спојат.
„Во Кина постои тренд мажите да се женат `под себе`, во смисла на образование и возраст. Така имате примери дека маж од `А квалитет` се жени со девојка од `Б квалитет`, маж од `Б квалитет` се жени со девојка од `Ц квалитет`, маж од `Ц квалитет` се жени со девојка од `Д квалитет`. Значи остануваат жени од `А квалитет` и мажи од `Д квалитет` кои тешко дека ќе се спојат. Затоа тие немажени жени постари од 27 години се нарекуваат `жени остатоци`, вели Лета Хонг-Финчер, докторантка на Универзитетот во Пекинг.
Високообразованите немажени жени всушност се стигматизирани од стана на државата која организира и дружења за да им најде мажи,
Макфакс
Млади, успешни, самостојни и немажени, такви се жените денес во Кина кои се стиматизирани само поради фактот што не се