Разводот претставува губиток за двајцата партнери, без разлика кои се причините. Нема победник. И двете страни губат, но губитокот секој го поднесува различно.
Иако не треба да се генерализира, психолозите сметаат дека двата пола различно се однесуваат кога станува збор за развод на бракот.
Кои се најчести причини за развод?
Според статистиките, најчеста причина за развод на бракот се физичкото и психичко насилство, алкохолизмот, неверството, љубомората и финансиските проблеми.
Бројни светски студии покажуваат дека најчесто жените се иницијатори за развод.
Кој повеќе ужива во бракот?
Списанието The psychology today, откри дека и мажите сакаат да бидат во врска и брак исто како и жените. Мажите се посреќни во бракот за разлика од жените, имаат подобро физичко здравје и се побогати.
Разлики во соочување со разводот
По разводот, партнерите на различен начин ја прифаќаат новонастанатата ситуација. Статистиките покажаа дека разведените мажи почесто одлучуваат повторно да стапат во брак, за разлика од разведените жени.
Една од причините е патријархалното воспитување на жените, затоа што им е страв за тоа што ќе каже околината, што е многу погрешно.
Но, мажите уживаат во патријархатот, па затоа општеството нив ги доживува поинаку. Општеството го симпатизира разведениот маж и сочувствува со неговата новонастаната ситуациија. За жените пак, се смета дека „го растуриле семејството“ и сега треба „да ги сносат последиците“.
Сепак, мажите потешко го поднесуваат разводот за разлика од жените, затоа што се зависни од нивната партнерка. Од друга страна, жените имаат емоционална поддршка која им овозможува полесно да се вклучат во нормалните животни активности.
Кога жената е иницијатор за развод, го повредува машкото его, па затоа поранешниот партнер сака да ѝ се одмазди, барајќи старателство над детето/децата.
Жените, пред да се разведат, размислуваат однапред како ќе постапат и затоа се неколку чекори пред мажите, покажува студијата.
Кога мажите се иницијатори на развод, што статистички е поретко, жените искажуваат голема тага или желба за одмазда. Но, тие знаат како да се носат со животот, повторно застануваат на нозе и започнуваат нов живот.