Како ментално да се подготвите за СЕ

Вие сте олицетворение на животот, и како резултат на тоа, единствено во вас е контролата над се. Неочекувано, починува некој кој ви е драг, ве отпуштаат од работа, ви се случува сообраќајна несреќа. Иако овие настани предизвикуваат проблеми, вие не сте подготвени за нив. 

Сепак, постојат начини како да се олесни неочекуваното и да се направи повеќе подносливо.
Интересно е што во минатото секогаш постојат илјада различни начини за да се избегне неочекуваното. На пример сообраќајна несреќа. Да можевте да почекате малку и да не одговоревте на пораката, да го управувавте автомобилот малку побавно или побрзо… 

Вакви примери има многу. И секогаш, постоел начин како да се избегне она што не ни било во план. Ретроспективата, секогаш е 20/20. Во овој случај, крајниот резултат е ист: колата е оштетена. Прашањето е: Како да се реагира на ова?

Тоа зависи од една работа: подготовка. Колку повеќе сте подготвени, толку пофлексибилна може да биде вашата реакција.

Првиот дел од подготовката секогаш е поврзан со пари. Неочекуваното секогаш има тенденција да ве “здроби” финансиски, но колку повеќе имате под перница, толку се помали главоболките. Без заштеди, прилагодувањето на трошоците на несреќата ќе биде многу потешко. Имате трошоци за штета, изнајмување на автомобил, поправки и трошоци за осигурување. Без помош, овие трошоци може да се зголемат.

Надворешниот / монетарнарниот дел од подготовките постигнува флексибилност едноставно ако бидете превентивни и имате заштеди- било кој износ на заштеди ќе ви ја ублажи болката. Но, тука спаѓаат и здравственото осигурување, автомобилско осигурување, пензионирање и сл., со чија помош би го вратиле износот наменет за поправка, па големи се шансите дури и да извлечете корист од сето тоа.

Другиот дел од подготовките е целосно внатрешен и е единствено поврзан со вашиот начин на размислување. Вие не можете да го контролирате животот, но може да се прилагодите на тоа. На пример, наместо да започнете кавга со другите возачи, кога во сообраќајот има голем метеж, најдобро би било да останете присебни и опуштени. Единствено на тој начин ќе можете да донесете брзи одлуки, кои подоцна нема да ви носат уште поголем емоционален товар.

Правилниот пристап кон животот ќе ви помогне вашите лични настани да ги направите помалку стресни со цел да се намалат трајните последици. Раскинот на врска природно ќе предизвика мноштво на конфликтни емоции, но патот кон враќање во нормала ќе биде полесен доколку прекинете да живеете во минатото. Не можејќи да се помирите со ова ќе ве доведе до некои сериозни ментални здравствени проблеми и неможност јасно да ги гледате работите. Ова не значи дека треба да се “скарате” со емоциите, туку треба флексибилно да се справувате со истите, се со цел да си ја олесните болката која што животот ви ја задал.

Сите горенаведени стафки не водат кон неочекувани но позитивни настани. Венчавка, деца, промоција на работа – сите овие моменти бараат одредено ниво на умствена подготовка. Дури и да добиете на лото, што е феноменално, тенденцијата да се изгуби контрола може да доведе до катастрофални резултати.

Се разбира, случувањата околу нас секогаш носат последици. Ако се негативни, време е да ја проголтате гордоста и да побарате стручна помош. Ако се позитивни, крајно време е да земете воздишка и да го посетите местото кое одсекогаш сте го сакале.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.