Сигурно досега сте виделе како некој на крајот од пораката или мејлот напишал „ХОХО“. А знаете ли како настанала оваа кратенка?
Како настанала кратенката ХОХО?
Кратенката „ХОХО“ најчесто ја користат луѓето од англиското говорно подрачје. Но, со појавата на масовните медиуми и социјалните мрежи и луѓето ширум светот почнаа да ја применуваат оваа кратенка што значи „прегратки и бакнежи“. Ова всушност на краток начин значи: ти испраќам прегратки и бакнежи и се пишува на крајот од пораката. Но, како настанала?
Нејзиното настанување влече корени уште од средниот век! Тогаш поголемиот број од луѓето биле неписмени. Документите и писмата ги потпишувале со „Х“, а доколку, на пример, станувало збор за љубовно писмо, жените го бакнувале намачкани со кармин. Потписот „Х“ заедно со бакнежот, кој личи на буквата „О“ со текот на времето станале „ХОХО“.