Сонцето, освен убавиот и исончан тен, понекогаш може да нѝ направи и изгореници, особено ако не се придржуваме кон добро познатите правила за заштита.
„Изгорениците од сонце се видлив знак за оштетена кожа. Тие значат дека УВ зрачењето предизвикало производство на слободни радикали кои можат да бидат многу штетни за кожата“, рекол дерматологот д-р Рајана Ката.
Изгорениците знаат да бидат многу непријатни и болни, затоа за да ви се олесни нелагодноста преку денот, но и преку ноќта, за почеток направете ладни облоги.
„Намокрете пешкир во ладна вода, а потоа ставете го на кожата и оставете го 10 до 15 минути. После тоа нанесете хидратантна крема без мирис и тоа додека кожата уште е влажна. Важно е да избегнете иритација на кожата, која може да ја предизвика потта или ткаенината“, тврди д-р Ката.
Нормално, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи, па со паметно излегување на сонце, ваквите непријатности може да се избегнат.