Како паметните уреди влијаат на развитокот на детскиот мозок?

Прекумерното време поминато пред екранот може да го успори развитокот на мозокот кај децата, особено кога е во прашање говорот, покажува новото истражување.
Веќе долго време се зборува за тоа дека компјутерите влијаат лошо на детскиот мозок, а новата студија го докажа тоа.
Научниците ги анализираа снимките на мозокот кај деца на возраст од 3 до 5 години, а потоа резултатите ги споредија со тоа колку време поминуваат пред екраните.
Кај децата кои поминуваат најмногу време пред таблетот, телефонот или телевизорот, забележан е помал број на мелин, заштитната обвивка околу нервните ќелии на мозокот и рбетниот мозок.
Инаку, мелинот, белата мозочна маса помага во праќање пораки од едниот до другиот дел од мозокот низ нервните завршетоци.


Тие нервни завршетоци влијаат на вештините како што се читање, говор и размислување.
Во студијата учествуваа 47 деца, 27 девојчиња и 20 момчиња.
Водечкиот автор на студијата, доктор Џон Хјутон и неговите колеги, ги испрашуваа родителите во врска со тоа колку време децата поминуваат пред екраните.
На децата им е вграден скенер во мозокот како и тестови кои се мерило за вештина на говорот, вклучувајќи го вокабуларот, читањето како и брзината на примање информации.
Децата кои поминуваат време пред екраните имаат помал квалитет на мозочната маса што влијае на формирање на мелин т.е супстанца која ги покрива нервните влакна во мозокот. Мелин е важен за брзината со која информациите се пренесуваат во мозокот.
Од друга страна, што поспоро се развива мозокот, толку поспоро сигналите и информациите патуваат до него.
Меѓутоа, единствената маана на оваа студија е тоа што не е прецизирано колку време децата поминале пред екраните.
Децата не ги изразуваат своите мисли и чувства, им треба подолго време да ги именуваат предметите и поспоро учат да читаат и пишуваат.
„Треба да се ограничи времето поминато пред таблет или телефон“, заклучува авторот на студијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.