Како пандемијата се одрази врз автопазарот?

Во 27-те земји-членки на Европската Унија бројот на новорегистрирани автомобили за 2020 година бележи пад од 24% во однос на претходната 2019. Ова го објави германската Асоцијација на автомобилската индустрија (ВДА).
И другите големи пазари забележуваат двоцифрен пад, освен кинескиот пазар кој загубил најмалку, само 6,1% помалку од 2019.
Во Германија, новорегистрираните возила се 19% помалку, а во Франција падот е за една четвртина. Италија загуби дури 28%, додека во Обединетото Кралство за еден процент повеќе од Италија, односно 19. Сепак, најголема е загубата во Шпанија каде има дури една третина помалку продадени нови коли.
Според ВДА, изминативе неколку месеци пазарот почнал да се опоравува, но сѐ уште незначително.
Најголемиот дел од новопроизведените автомобиле се во Кина. Дури повеќе од четвртина од светското производство доаѓа од овој азиски економски гигант, според податоците од 2019 година. Други поголеми производители се САД, Германија и Јапонија. Во Европа, после Германија која води со 4,7 милиони автомобили годишно, следуваат Шпанија и Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.