Обидете се да го замислите светот како едно големо игралиште. Единствените ограничувања кои ни стојат на патот се оние кои ние самите ги креираме и кои ги носиме со себе до крајот на животот.Она што секогаш треба да го имате на ум е дека големината на успехот не доаѓа од надвор, туку од внатре и од нашата смелост да превземеме акција. Можете да слушнете од различни страни од светот како луѓето цело време сакаат да го променат светот правејќи вакви или онакви работи, но вистината и она што е најважно, е дека тие не прават баш ништо за да го постигнат тоа. Можат со часови да зборуваат и зборуваат и ништо да не превземат во врска со тоа. Постои разлика меѓу зборување и дејствување, и тоа голема разлика ако не прашувате нас.
Ако сакате да сте само зборлест фантазер и на тој начин да го поминете животот, тогаш никогаш нема да станете способни да влијаете на светот. Ако вистина посакувате да го промените светот тогаш најпрво треба да се промените себе си, и со тоа да го промените начинот на кој размислувате и начинот на кој дејствувате. На самиот почеток мора да ја поставите вашата цел и начинот на која што таа ќе влијае на другите, исто како и начинот на кој ќе ја споделите вашата порака низ светот. Како што големиот Енди Ворхол изјавил еднаш:
„Во иднина, секој ќе биде познат на 15 минути“
И сигурно би ги доживеале славните 15 минути. Но, она што е важно околу тоа е, не колку ќе уживате во нив, туку колку ќе успееете да ги развлечете истите за да траат подолого. Визијата да го промените светот и да го запишете вашето име во историјата е навистина убава, а таква храбра визија дефинитивнио бара еден тон амбиција. Затоа, мора да сфатите дека тоа нема да го добиете на лесен начин или пак дека ќе го пронајдете на крајот од едно убаво патување.Ќе има моменти кога ќе сакате да се откажете, но издржете. Исто така ќе има моменти кога ќе бидете несигурни во себе си, но не се сомневајте во она во што верувате. Животот е составен од една голема и од неколку мали слики. Она што треба да направите со малите слики, секако доколку сакате навистина да го промените светот, е да ги искористите истите како градежни блокови за изградба на големата слика. Ако се обидете директно да пробиете до големата слика тогаш вашата визија никогаш нема да се оствари.Поентата е дека нема пократок пат до успехот ниту пак дека постојат лесни начини да се стигне до него. Основата на животот е да се оди чекор по чекор, а не да се се оди директно кон целта.
Светот можете да го промените само ако се промените себе си. Почнете од тоа како вие го замислувате целиот тој процес и ќе почнете да сменувате светот со самата промена на начинот на кој се третирате себе си и луѓето со кои секојдневно сте опкружени. Само на овој начин ќе го промените светот.
Повеќе на think.mkОна што секогаш треба да го имате на ум е дека големината на успехот не доаѓа од надвор, туку од внатре и од наша