Како повеќе да уживате во сексот!

Сексуалноста би требало да биде најприродната работа на светот, но нашиот мозок и премногу често не наведува во друга насока. Сексот е физичка, емотивна, а понекогш дури и спритуална појава, но никако не би требал да биде. За сите оние кои живеат повеќе во својата глава отколку тело, еве неколку корисни совети.

Прифатете ја својата сексуалност
Не мора да се обидувате да бидете секси – вие тоа сте. Секој пат кога ќе се загрижите за тоа како ќе изгледа водењето љубов, се одалечувате од неговата природност. Убавината на сексот лежи во самото искуство. Не се цензурирајте самите, само така повеќе ќе уживате.

Елиминирајте ги дистракциите
Природата на нашиот ум е да шета. Потребна е концентрација за да ги исфрлите сите впечатоци кои сте ги доживеале во изминатиот период, додека водите љубов. Исклучете го телевизорот, пуштете музика што смирува и проблемите оставете ги пред вратата на спалната соба.

Не мислете на целта
Заборавете на потребата да се покажете. Мажите кои се опседнати со величината или техниката обично не успеваат да импресионираат. Заборавете на притисокот и не форсирајте. Одвреме-навреме наместо секс, концентрирајте се на убавината на допирот и милувањето. Тоа е ефикасна стратегија која го отстранува притисокот и ја продлабочува интимноста.

Уживајте во голотијата
Сексот е длабоко поврзан со личната слика што ја имате за себе. Ако мислите дека не сте атрактивни, тогаш сами се омаловажувате. Добра техника е тренирањето, бидејќи се покажало дека по тренирањето сексот веднаш станува подобар затоа што се чувствуваат посилни и посекси.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.