Луѓето кои се во среќни, стабилни врски се поздрави и позадоволни во животот од оние кои се сами. Но, понекогаш и во долгите врски доаѓа до кризи и тоа од различни причини. Поради работа, обврски, секојдневни проблеми понекогаш забораваме зошто сме се вљубиле во партнерот со кој го делиме животот.
Ако имате впечаток дека со животниот сопатник сте станале како цимери, сте ја запоставиле романтиката и љубовта, еве што може да направите.
Одете на заеднички одмор, сами вие двајца
Ако работата ве оддалечува еден од друг, заборавете на обврските неколку дена и одете на мал одмор во кој ќе се потсетите на работите во кои уживате заедно.
Бакнувајте се
Бакнежот има чудесна моќ, бакнувајте се почесто, не само кога тоа води кон секс. Бакнувајте се како на почетокот од врската, често и страсно.
Дајте комплименти
Сите понекогаш сакаме да слушнеме убави зборови, особено за изгледот. Ништо нема да ви стане ако му кажете на партнерот дека е убав, згоден или паметен, а нему многу ќе му значи.
Подгответе изненадување
Ако постојано се движите на исти места и тоа поради ваша желба, тогаш се губи магијата на изненадувањето. Изведете го партнерот на поинакво место и приредете му изненадување со некој мал, но убав подарок за кој знаете дека одамна сака да си го купи, како книга или дел од накит.
Правете ги работите заедно
Играјте си заедно со децата, решавајте заедно крстословки, гледајте заедно филм, танцувајте на омилените песни. Заедно подготвувајте ја вечерата, одете на кратка прошетка, исчистете го домот. Ова се мали работи кои изгледаат како обврска, но всушност можат да бидат ваш омилен дел од денот.
Флертувајте
Не значи дека не треба да флертувате ако сте заедно 10 години. Флертувањето или заведувањето е нешто на што луѓето тешко остануваат рамнодушни. Така сфаќате дека секогаш има нешто што не го знаете за вашиот партнер, на кој и покрај толку време минато заедно, сè уште не можете да му одолеете.