Како подобро да пере машината за садови: Една состојка ќе ги отстрани дамките, бигорот и наслагите!

Машините за миење садови, како и повеќето други апарати за домаќинство, имаат потреба од одржување. Бигорот, остатоците од храна и наслаги од таблети и други средства за перење оставаат траги, па со текот на времето ефектот на машинското перење слабее.
Сепак, за тоа постои решение, кое како и обично е во природата.
Најдобро е да користите лимон за да ги отстраните овие проблеми. Лимонската киселина ги чисти бигорот, а во исто време ги остава садовите неверојатно чисти и сјајни.

Доволно е да ги ставите половините од искористените лимони, односно без сок и семки, на горната полица во машината за перење и да ги измиете садовите по вообичаена постапка.
Освен што помагате за отстранување на бигорот и подобро миење на садовите, на овој начин го намалувате кујнскиот отпад. Дури и ако не сте успеале да го искористите лимонот пред да се расипе, исцедете го сокот во садот со него, но и кората, ставете го во машина и измијте ги садовите.
Треба да се напомене дека семките треба да се изостават, бидејќи може да се исушат, да се акумулираат, па дури и да се заглават во одводите на машината.
Користете го овој трик повремено, бидејќи неконтролираното користење на лимонот и неговиот сок, поточно киселоста, може да влијае на гумата на вратата на овој кујнски апарат. Доволно е еднаш месечно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.