Како подолго да останете млади?

Магнезиумот во комбинација со калиум долгорочно и без последици го намалува крвниот притисок 

Партнерот, ПМС-от и рецесијата не се секогаш главни виновници за недостатокот на концентрација и енергија, и тоа што завршувањето на работните обврски ни оди се потешко. Тоа, пак, што имаме премногу обврски, преуморни сме за било каква активност, и не сме расположени за движење и вежбање со изговор дека времето не убаво, се само првите симтоми за намелена количина на магнезиум во крвта.
Магнезиумот ги шири нашите крвни садови и на клетките им го обезбедува оптималниот кислород, толку потребен за живот. Не прави поиздржливи, и е одговорен за телесна и ментална цврстина.
Без оглед на тоа колку и да се трудиме со денешниот начин на живот не можеме да го избегнеме стресот. А, ако знаеме дека магнезиумот е одговорен за лачењето на адреналин во стресни состојби, го имаме решението.
Научно е докажано дека магнезиумот е во постојана корелација со калиумот, и дека е невозможно потребната количина да ја добиеме само преку исхраната. По неколку дена, без оглед на потеклото и начинот на чување на производите тие го губат магнезиумот и останатите минерали.
Втората непобитна вистина, исто така од научен аспект е, дека калиумот и магнезиумот се меѓусебно поврзани, па при недостаток на магнезиум-без оглед на доволната количина на калиум- се проблематизираат процесите во телото кои зависат од магнезиум. Магнезимот заедно со каиумот долгорочно и без последици го намалуваат крвниот притисок.
Со дополнување на исхраната со овие два минерала ја продолжувате својата младост. Но, никако немојте да го правите тоа на своја рака и без консултација со лекар. Витаминско-минералните додатоци се земаат само по направена крвна анализа, со која се утврдува нивното ниво. Во спротивно вишокот на витамини и минерали се претвора во масти, го оптоварува системот за варење и ја менува pH вредноста во желудникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.