КАКО ПО ПЛАН: Во Тирана утре ќе се одржи заедничка свечена седница на парламентите на Албанија и Косово

По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, утре во Собранието на Албанија во Тирана ќе се одржи заедничка свечена седница на албанскиот и на косовскиот парламент, соопшти Собранието на Косово.

КАКО ПО ПЛАН: Во Тирана утре ќе се одржи заедничка свечена седница на парламентите на Албанија и Косово

На почетокот на седницата пред пратениците ќе се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.

По нив ќе зборуваат премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Аљбин Курти, како и шефовите на пратеничките групи.

Одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија ќе биде придружено со културни и други активности, се наведува во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.