Како правилно и темелно да ја исчистите машината за миење садови?

Верувале или не, вашата машина за миење садови не се чисти сама, а нечистотијата се собира во неа. Звучи неверојатно бидејќи садовите што ги вадите од неа се беспрекорно чисти, а таа не е. Како еден од најчесто користените апарати во вашата кујна, на машината за миење садови веројатно ѝ треба темелно чистење, особено ако никогаш порано не сте го направиле тоа, а можете да ја исчистите во неколку едноставни чекори.
Како правилно и темелно да ја исчистите машината за миење садови?
Проверете го филтерот во машината за миење садови
Првото нешто од коешто треба да започнете е филтерот во вашата машина за миење садови. Повеќето современи машини имаат филтри кои лесно се вадат и се мијат под млаз вода. Тие собираат наслаги на храна и мрснотии и затоа е потребно редовно и темелно да се чистат. Ако садовите не изгледаат доволно чисти кога ќе ги извадите од машината, тоа значи дека филтерот е валкан.


Користете таблета за чистење на машината за миење садови
Постојат специјално дизајнирани таблети и средства за чистење на машината за миење садови. Овие таблети се вметнуваат во преградата за таблети за миење садови во машината, но тие треба да се користат кога машината е празна. Исто така, кога ќе ставите ваква таблета, треба да почнете со најтоплиот циклус на миење со кој располага машината. Доволно е да користите една таква таблета еднаш во три месеци.
Користете сода бикарбона за да ги отстраните непријатните мириси
Ако се шири непријатен мирис низ просторијата кога ќе ја отворите машината за миење садови, можете да користете сода бикарбона за да ги отстраните сите непријатни мириси. Потребно е да го посипете дното на машината со сода бикарбона и да ја оставите да отстои во текот на ноќта, со вратата малку подотворена. Следното утро, само пуштете ја машината на програмата за брзо плакнење.
Оцет за дополнителни сјај и чистота
Откако ќе ја исчистите вашата машина од непријатни мириси со помош на сода бикарбона, користете оцет за да ги отстраните сите потенцијални траги од таблетите за миење садови. Една чаша оцет ќе биде доволна за вашата машина за миење садови да блесне однатре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.