Како правилно се користи МОЛИВОТ ЗА УСНИ за најубав изглед на усните? Професионален шминкер открива интересен трик

Моливчето за усни може да ни даде изглед на совршени усни и да ги трансформира на најубав начин, но само ако знаеме да го искористиме на вистински начин.
Користење на молив за усни
Познатиот шминкер Марио Дедивановиќ го сподели своето знаење за шминката, кое може да ни биде исклучително корисно. Неговото видео веќе има 1,7 милиони прегледи, а познат е и по тоа што е личен шминкер на Ким Кардашијан и други холивудски ѕвезди.
Тој вели да избегнуваме да користиме молив за усни на аглите на усните бидејќи може да ни го повлече лицето надолу. Наместо тоа, Марио предлага да се фокусирате на лакот на врвот на усните и на дното на усните пред самата брада.
– Поврзете ја долната линија и одете нагоре до аголот на усната. Ова веднаш ќе даде изглед на „подигнати усни“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.