Како правилно се чистат екраните?

Помодерните телевизори и уреди кои имаат LCD или OLED екрани бараат малку поинакво одржување од постарите модели на телевизори.

Според Џесика Ек, експерт за чистење од Американскиот институт за чистење, современите екрани го имаат истиот метод на одржување и мора да бидеме многу внимателни при изборот на средствата со кои планираме да чистиме. Исто така, стои дека уредите ги исклучуваме заради безбедност, но и затоа што подобро ќе ги видиме дамките на екранот.
Првото правило при чистење на екранот е да користите крпи од микрофибер, бидејќи поновите екрани се почувствителни. Материјалот на оваа ткаенина содржи микрофибер чиј притисок на екранот ја намалува можноста за гребнатини. Ек истакнува дека никогаш не треба да користиме крпи, марамчиња и други слични материјали.

Таа советува да ги чистите овие површини со лесни движења, за да не ги уништите пикселите, а тоа особено се однесува на аглите на уредите. Дополнително, се наведува дека крпата за чистење на уредите треба да биде исклучиво наменета за слични површини, за да не останат траги од други површини.
Кога станува збор за изборот на средства, можете да користите секакви средства наменети за чистење на екран, но не го нанесувајте директно на уредите. Нанесете го средството на крпата и потоа исчистете ги екраните. Како последен совет, стои дека треба да избегнувате чистење во круг, за да не ви се појават линии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.