Како претседател можам да ја завршам европската интеграција во следните пет години


Тоа, како што кажа претседателскиот кандидат на ДУИ, ќе го стори благодарение на знаењето, искуството и контактите низ светот

Претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, вечерва од митингот во Дебар порача дека од позиција на шеф на државата може да го заврши евроинтеграцискиот процес на земјава во рок од пет години. Тоа, како што кажа, ќе го стори благодарение на знаењето, искуството и контактите низ светот.

Бујар Османи, претседателски кандидат на ДУИ и „Европскиот фронт“

„Моето прво ветување е членство на земјава во Европската Унија до 2030 година. Ако имав предизвик како министер за надворешни работи да ги отворам преговорите со ЕУ по 17 години чекање, верувајте дека како претседател можам да го завршам процесот за членство во ЕУ во следните пет години. Ќе го искористам целиот потенцијал на ‘Европскиот фронт’, целото мое знаење, знаењето од процесите што ги водев, моето искуство, моите контакти низ светот за да го завршам овој процес во следните пет години. И ви ветувам дека ќе го направам тоа доколку ја добијам вашата ценета поддршка“,

рече Османи од изборниот митинг во Дебар.

Посочи дека европската интеграција е главниот збор на овој изборен процес, зашто, како што оцени, овие избори не се избори за гласови туку избори во кои земјата, нејзината и судбината на граѓаните се помеѓу две алтернативи – интеграција или изолација.

Од вечерашниот митинг во Дебар кандидатот на ДУИ уште еднаш ја повика на дебата неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, која ја нарече претставник на алтернативата за изолација, аргументирано да го убеди оти изолацијата е подобра отколку интеграцијата.

Освен што вети интеграција на земјава во ЕУ за пет години отсега доколку тој дојде на претседателското место во државата, Османи кажа дека како претседателски кандидат се залага и за одржување на партнерството со САД, целосен ветинг, економски рамковен договор и квалитетно образование.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: