Како Русковска ѝ обезбеди 30 дена на Јанева за прикривање на трагите?

Обвинителката Вилма Русковска за случајот „Рекет“ и по оставката на Катица Јанева се огласи прв пат пред еден месец. Тогаш Јанева не беше осомничена, па Русковска говореше дека не очекува нејзината колешка од СЈО да бега.
Денес, таа информираше за апсењето на специјалната јавна обвинителка. Но, меѓу овие две нејзини изјави нешто е многу симптоматично.
-Моментално, само за јавен обвинител е проширена истрага и до судот е доставен предлог за определување мерка притвор, истакна денес Русковска денес.

Пред точно еден месец, на 21-ви јули, за емосијата КОД таа кажа:
-Јас не мислам дека колешката би бегала затоа што тука има семејство, деца, внуци, мислам дека не би бегала, рече тогаш обвинителката.
Во меѓувреме, од првата изјава до денес поминаа 30 дена. Денес Катица Јанева е веќе осомничена во случајот, а обвинителството за неа побара притвор.
Од првата до втората изјава на Русковска, на Јанева и беа дадени 30 дена за да дејствува во прикривање на трагите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.