Како сами да ги избелите забите?

Сакате да ги избелите забите но, немате време да одите на стоматолог. Постојат неколку едноставни начини како да го направите тоа во сопствена режија.

Сол и сода                                                                                 
Измешајте три супени лажици сода бикарбона со две мали лажички сол и јаболкова киселина.  Смесата треба само малку да се запени и готова е за да ги исчеткате забите. Ова е безопасно и природно средство за чистење и белење на забите, но немојте да го употребувате секој ден.
Минерална вода
Измешајте една супена лажица минерална вода и една мала лажичка сода-бикарбона. Четкајте ги забите со оваа смеса. Сепак бидете внимателни да не голтнете од неа. Оваа смеса го отстранува забниот камен и ги отстранува дамките од кафе и чај, но оваа смеса не смеете да ја користите повеќе од еднаш во неделата, зошто може да дојде до оштетување на површинскиот слој на забите.

Јагоди
Заради ензимите кои ги содржат, јагодите прават чудо во избелувањето на забните наслаги. Овој начин на белење на забите го користат многу познати филмски ѕвезди. Мегутоа заради големото количество на шеќер во јагодите, после секое користење се препорачува убаво да ги измиете со обична паста за заби.
Изгорен леб
Можеби ќе ви изгледа чудно, но изгорениот леб навистина е ефикасен за избелување на забите. Сомелете во прав неколку парчинња и додајте 5-6 капки ментол. Јагленот во препечениот леб е основната состојка во избелувањето.
Лушпа од банана
Калиумот, калциумот, магнезиумот и витаминот Д, кои се наоѓаат во лушпата од бананата се одлични за забите и помагаат во нивното избелување.Земете лушпа од банана, потоа со внатрешниот дел масирајте ги забите и непцата околу две минути и на крај исчеткајте ги забите со паста.Сакате да ги избелите забите но, немате време да одите на стоматолог. Постојат неколку едноставни начини како да го на

Пронајдете не на следниве мрежи: