Како секогаш да мирисате убаво
КОРИСТЕТЕ МИРИЗЛИВ ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ
Од сите начини секогаш да мирисате добро, користењето на миризлив гел за туширање е најлесно. Користење на миризлив гел за туширање е совршен начин да имате прекрасен мирис кој ќе трае во текот на денот. Ако се туширате во утринските часови, гелот ќе се впие во кожата, оставајќи еден суптилен мирис.
СТАВЕТЕ ДЕЗОДОРАНС ВЕДНАШ ПО ТУШИРАЊЕ
Во моментот кога ќе излезе од туш, ставете дезодоранс.Доколку го сторите тоа веднаш, тогаш не мора да се грижите за вашата миризба во текот на целиот ден.
ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СЕ ВАШ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ
Знаете како бебиња секогаш мирисаат убаво? Чувајте мало пакетче со влажни марамчиња во вашата чанта за секој случај. Дури и да се испотите во текот на денот, влажните марамчиња ќе ви помогнат да привремено да ја освежите вашата миризба.
НЕСЕСЕР СО ПОТРЕБНИТЕ РАБОТИ
Секогаш со вас во чантата носете и мал комплет од “убави мириси”. Можете да земете еден несесер и да го наполните со мини шише со парфем, екстра дезодоранс, мала четка за заби, гуми за џвакање. Здивот е исто така важен кога станува збор за добро мирисање.
ПРИМЕНУВАЈТЕ МИРИЗЛИВ ЛОСИОН ВО ТЕКОТ НА НОЌТА
Уште еден мал трик за секогаш да мирисате убаво е да користите миризлив лосион пред спиење. Добрата работа во врска со ова е што вашата кожа ќе го апсорбира лосионот во текот на ноќта, па кога ќе се разбудите, вие ке мирисате природно и прекрасно. Нема да има потреба за парфем.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.