Како се гласа против Грчкиот договор, а за НАТО и ЕУ во исто време?

Како се гласа против Грчкиот договор а за НАТО и ЕУ во исто време? Навистина ова не ни е јасно. Тодоров денеска проба со ментална гимнастика да ги растегнува димензиите на постоењето и просторот. За жал сепак не е возможно да се гласа како што најави тој. И Ова го сметаме само како дополнително внесување на забуна и смут помеѓу граѓаните и се надеваме дека не е намерно? Некој навистина ќе поверува дека е тоа возможно, со оваа брутална кампања што се води и ќе излезе да гласа за Еу или за НАТО. Со тоа автоматски го остварува цензусот.

Поради ова што денеска го кажа Тодоров, а тој потенцираше дека е во рамки на ставот на партијата. Дека ова го овозможила партијата и Мицковски. Заради ова паѓаат во вода тврдењат на ботовите на Мицковски дека тој повикал на бојкот. Како што гледате ставот на Мицковски поранешни првенци на партијата го протолкувале како повик да се гласа.
Истовремено жестоки реакции имаше на социјалните мрежи токму од членовите и симпатизерите на ВМРО. Една од тие реакции веќе ја пренесовме во текст: Ме разочара Никола Тодоров! Или просто следете го тагот: текстови поврзани со никола тодоров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.