КАКО СЕ ИЗВРШИ САБОТАЖА НА ГАСОВОДИТЕ СЕВЕРЕН ТЕК 1 И 2: Кој користел нуркачи и подморници?!

Падот на притисокот во гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои минуваат од Русија до Германија, е предизвикан од „целна саботажа“, што е невозможно без нуркачи или подморница, јави денеска ТАСС повикувајќи се на извори од германскиот весник Тагешпигел и списанието Spiegel.

КАКО СЕ ИЗВРШИ САБОТАЖА НА ГАСОВОДИТЕ СЕВЕРЕН ТЕК 1 И 2: Кој користел нуркачи и подморници?!

Извори на „Тагесшпигел“ и „Шпигел“, кои се запознаени со проценката на владата, наведуваат дека според првите претпоставки, „за тоа би можеле да бидат одговорни украинските сили или сили поврзани со Украина“.

Германското Министерство за економија се уште не може да ја утврди причината за падот на притисокот во гасоводите и локацијата на истекувањето.

На проблемот работат мрежниот оператор Гаскаде, Федералната мрежна агенција на Германија, полицијата и властите на покраината Мекленбург-Западна Померанија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, отворајќи го гасоводот Baltic Pipe што минува низ данските води, рече дека „сè уште не ги знае“ деталите за инцидентот, но веднаш изрази уверување дека тоа е „уште една ескалација на ситуацијата“ во Украина, според ТАСС.

Данската поморска управа извести за истекување гас североисточно од Борнхолм, каде што минува трасата на гасоводот, а Шведската поморска управа исто така пријави истекување во нејзината зона.

Пад на притисокот на една од двете линии „Северен тек 2“ е забележан ноќта меѓу понеделникот и вторникот од копнената платформа „Северен тек 2 АГ“, за што истовремено биле известени крајбрежните служби на Германија, Данска, Шведска, Финска и Русија.

Германското Министерство за економија уверува дека инцидентот нема да влијае на снабдувањето со енергија на земјата, а Европската комисија исто така изјави дека енергетската безбедност на Европската унија не е загрозена, јави ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.