“Досие“ објави ексклузивно видео од синоќешна кражба на 4 велосипеди во центарот на Скопје. Видеата се од безбедносни камери на зграда на улицата “Орце Николов“ во центарот на Скопје, каде за една вечер се украдени 4 велосипеди. Крадецот насилно ја отвора вратата, иако на една од снимките се гледа дека веќе е и разденето-слободно шета и одбира кој велосипед да го земе.
Кражбите на велосипеди низ градот траат повеќе години, а полицијата никако да ги фати организираните групи кои потоа ги препродаваат велосипедите или ги разстураат на делови. Дрскоста на крадците се гледа и од видеата. Ниту надзорот поставен во поновите згради не им пречи да крадат. Бројот на пријавени украдени велосипеди во МВР секој ден е се поголем, а полицијата е немоќна.