Семафорите обично служат за регулирање на сообраќајот, но во Скопје, односно Македонија, тешко се одвива и тоа.
Возачите на семафорите најчесто гледааат како на непријатели, па секогаш кога имаат шанса гледаат да го избегнат или пак да поминат кога не треба.
Оваа фотографија јасно ја покажува ситуацијата со семафорите и со возачите во Македонија.
Ништо подобро не се ниту пак пешаците. Претрчуваат каде што сакаат, без почитување на правилата.
Речиси секој ден се случува некој пешак да е жртва на сообраќајна несреќа, а на дневно ниво во Град Скопје се случуваат и по неколку сообраќајки.