Како смеењето го подобрува вашето здравје?

Да, не е шега. Смеењето влијае позитивно не само на вашето расположение, туку и на вашето здравје. Без разлика дали се смеете на епизода од „Пријатели“ или на шегите на ваш пријател, со секоја насмевка вие си го подобрувате животот.

Често се тврди дека смеењето е најдобриот лек. Денес постојат и научни докази кои го поткрепуваат тоа тврдење. Еве за што сè може да ви помогне смеењето:

  • Согорува калории. Кога се смеете, вие трошите повеќе енергија, ритамот на срцето се забрзува и телото согорува повеќе калории. Пресметано е дека со 10-15 минути смеење согоруваме околу 40-50 калории. Тоа навистина е малку, но на долгорочен план смеењето е забавен сојузник во борбата со килограмите.
  • Има ист ефект како аеробик вежбите. Искреното смеење помага да се активираат многу мускули од телото, го забрзува дишењето и ја подобрува циркулацијата на крв. Всушност, ако се смеете 100 и повеќе пати во денот, тогаш добивате ист ефект како да сте вежбале аеробик 10 минути.
  • Гарантира намалување на стресот. Насмевката го намалува психичкиот товар што го чувствувате кога сте загрижени и нерасположени и предизвикува позитивни промени во вашето тело. Докажано е дека смеењето го намалува кортизолот (хормонот на стресот) и адреналинот.

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.