Како танцувањето може да ја подобри самодовербата на вашето дете?

Денешните деца се соочени со поинаков свет за разлика од нивните родители. За жал отсекогаш постоел фактот дека децата со проблеми ќе ги напаѓаат оние со ниска самодоверба. Но пред ерата на технологијата, разговор со директорот или родителот ставал крај на малтретирањето.Денес, детето што е жртва на малтретирање нема каде да избега. Грди забелешки, злоба, фотографии направени за да се покаже колку некој бил засрамен се наоѓаат насекаде низ социјалните мрежи. Дете со ниска самодоверба не може да ги надмине овие проблеми.
Дајте му ја моќта на вашето дете
Ги сакате вашите деца. Им кажувате колку се убави, паметни и сакани. Само што ќе се соочат со реалниот свет, ќе сфатат дека не сите го делат ова мислење. Ако сте ги убедиле дека се посебни, ова им дава подобар почеток, но може да не биде доволно.


Танцувањето е одличен начин за градење на самодовербата на вашето дете. Со него ќе ги поставите основните вредности, ќе го научите да ги поддржува другите и да не дозволи негативните коментари да му влезат под кожа. Погледнете што друго прави танцувањето.
1. Ослободување од стравот
За детето нема ништо полошо од тоа да се обиде да направи нешто во група и да не успее. Кај танцувањето, детето ќе научи дека сите прават грешки и дека секое дете се чувствува исто. За неколку минути детето ќе се опушти знаејќи дека е во група што го поддржува.
2. Пријатели
Детето со ниска самодоверба можно е да се држи настрана од другите деца. Набрзо ќе научи дека сите деца не се она што делуваат. Подобро му е да биде само отколку да каже нешто и потоа тоа да се рашири низ училиштето. Со помош на танцот сите си помагаат. Присилени сте да се грижите за другите деца бидејќи секое е дел од сложувалката.


3. Физичко здравје
Ова е можеби најважниот дар што вашето дете може да го добие од танцувањето. Ќе стане посилно, во подобра форма и ќе научи дека може да проба и фудбал, да се трка или да се бори за себе. Ќе биде поздраво, а издржливоста и силата ќе му помогнат да верува во себе. Вежбањето исто така испушта хемикалии во мозокот што го подобруваат расположението.
4. Погодување на чекорот
Групата танчари ќе добијат разни чекори што ќе треба да ги научат. Овие чекори нема да бидат лесни за сите деца. Но страста на учителот и членовите на групата може да направи голема разлика. Штом детето ќе го погоди чекорот, ќе се чувствува неверојатно. Со напредувањето ќе исчезне стравот од туѓото мислење. Ќе знае дека е силно и талентирано и веќе никој нема да се шегува на негова сметка.


5. Охрабрување
Инструкторот ќе му каже на детето колку напредувало. Пријателите ќе бидат овде кога конечно ќе научи некој чекор и ќе навиваат. Семејството секогаш ќе го поддржува и ќе му кажува колку добро изгледа. Ова е опкружување што навистина ја зголемува самодовербата.
6. Убавина
Кога детето ќе биде подготвено за настап, ќе се чувствува убаво. Во овој момент ќе сфатите колку танцувањето помогнало. Внатрешната убавина ќе го созрее детето, а физичката е очигледна. Кажете му колку убаво изгледа и направете некоја фотографија. Ова е посебен момент. Во овој момент вашето дете е на врвот на светот и верува во себе и како танчар, но и како личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.