Тениско топче е неочекувана алатка за чистење што можете да ја користите за да ги отстраните тврдоглавите дамки и трагите што ги оставило триењето на други материјали на подот во вашиот дом.
Кога гума или кожа ќе ви го изгребат подот, може да остави некои прилично темни траги кои тешко се чистат, меѓутоа, на TikTok тврдат дека и за тоа има едноставен лек.
Споменатата социјална мрежа може да биде одличен извор на совети за чистење на вашиот дом, а еден прилично неочекуван трик споделен на истата тврди дека сѐ што ви треба за дамките од подот е тениско топче.
Нагласено е дека топчето треба да биде што е можно почисто, а се препорачува да се набави ново за дополнително да не се оштети подот.
Со помош на скалпел или жилет внимателно исечете форма Х на тениското топче. Треба да биде доволно голема за да го собере крајот од рачката на метлата.
Закачете го тениското топче на крајот од рачката, а потоа свртете ја метлата така што тениското топче ќе биде на подот. Користете ја рачката за да извршите притисок додека го движите тениското топче напред-назад за да го избришете белегот/дамката од подот.
Ако трагите од дамките се темни, ќе видите како се префрлаат од подот на површината на вашето тениско топче. Нагласено е дека оваа техника е безбедна за употреба на сите видови тврди подови.