Како традиционално одгледаното дете да опстане во денешниот свет?

Многу родители се соочени со дилема – како детето кое го одгледале на традиционален, и често поздрав начин, да опстане во денешниот свет?
Како традиционално одгледаното дете да опстане во денешниот свет?
Она што е важно е да се научите самите, па и вашето дете, дека сте на вистинскиот пат и дека она што го правите е правилно. Научете да не ги осудувате другите штом ќе ги сретнете, да се обидете да ја најдете причината за нивниот гнев и нивното неразбирање на вашата позиција. Потсетете се самите и научете го детето уште од мало на правилата на играта „Не лути се човече“ – ако победите тоа е одлично, а ако изгубите, треба да издржите.

Ако некој е злобен и предизвикува проблеми, научете го вашето дете да го избегне или да му помогне да ги воочи неговите недостатоци. Ако со зло одговара на зло, тогаш проблемот станува навистина сериозен.
Основниот проблем на зрелоста е да сфатите дека некои задоволства мора да се одложат за некоја поголема цел. Доколку имате помалку, доколку земате помала плата, не можете да се споредувате со некој кој има повеќе и кој може да си дозволи повеќе бидејќи ги има приходите што ги немате вие. Проблемот е што вие имате друг концепт за животот, а се чувствувате неспособно пред оние кои се поуспешни или побогати од вас. Во овој момент се соочувате со конфликт со самите себе.
Мора да знаете да живеете во свет во кој злото понекогаш се обожува, а лагите се секојдневие. Мора да го издржите тоа и да бидете свесни дека доблеста е вашата смисла во животот. Можеби нема да ја постигнете секогаш, но кога ќе ја постигнете, бидете горди на себе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.