Како што подолго да го сочувате сончаниот тен после одморот

Оние кои уживаат во сончањето, се разбира дека сакаат и што подолго да им трае бојата која ја добиле во текот на летото. За да не ви е жал добриот тен кој сте го добиле тешко, брзо да го загубите, еве неколку совети.
Пијте многу вода
Прво правило за што подолго да остане бронзената боја на вас, па дури и до зрелата есен, е пиењето вода. Бидејќи како кожата се суши одвнатре така и тенот се губи. Обидете се кожата да остане хидрирана.
Пилинг
Пилингот нема да ја „извади“ бојата на кожата, напротив. Правете пилинг на кожата еднаш во десет дена. Многу изумрени клетки се наоѓаат на горниот дел од кожата, а за да ги отстраните пилингот е идеално решение. Тој ќе помогне вашиот темен тен да стане повпечатлив.


Млеко за тело
Мачкајте го телото со млеко за тело. Освен што е добро за кожата одвнатре, ја негува и однадвор. Не морате да нанесувате млеко после секое туширање, туку на секои два-три дена.
Видови храна
Јадете мисиркино месо, белки од јајца, лосос, сирење, бадеми и авокадо. Сите овие намирници се богати со тирозин, состојка која е неопходна за производство на меланин, кој пак е заслужен за бронзениот тен.
Масло за тело
Добро е ако наместо гел за туширање во следниот период користите масло кое ќе ја исчисти но подеднакво и негува кожата многу подобро од гелот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.