Авиокомпанијата AirAsia обезбеди опрема за своите вработени и ќе почне со летови од 1-ви мај.
Вработените ќе имаат специјални костими, маски и визири и ќе ги следат препораките за социјално дистанцирање.
Засега AirAsia организира летови само за враќање на патници во своите татковини, но наскоро сака да им овозможи на граѓаните да патуваат безбедно.
Униформите се креирани од дизајнерот Puey Quinones, а одобрени од Министерството за здравство на Филипини.
„Униформите не се многу тешки, а сепак се корисни. Ми се допаѓа што се шик и спортски во стилот на тркачите на Формула 1“, изјави една од стјуардесите.
Инаку и на патниците и на персоналот задолжително ќе им биде мерена температура пред качување во авионот.
Носењето на багажот ќе биде ограничен на само по едно парче од 5 килограми за да се одржи социјалната дистанца.