Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, скокна две места на најновото издание на АТП-листата и сега е на 475-ото место во светот, што е негов најдобар рејтинг во кусата, но богата кариера.
Тој стигна до полуфиналето на ИТФ-турнирот во Поатје (Франција), каде што по голема борба загуби од домашниот натпреварувач Гејмард-Вејенбург (2-6, 6-7).
Следна цел за Ивановски се достигнување на македонските претходници, од кои е на половина пат да ги достигне. Најдобар пласман на македонски тенисер на АТП листата имаше Предраг Русевски (242. место), а зад него се Александар Китинов (296. позиција) и Лазар Магдинчев (339. место).
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.